Достапни линкови

ЕУ тимот бара подлабока проверка на изборните резултати во Авганистан


Tимот за изборна проценка во Авганистан повика за поширока ревизија на избирачките места за откривање на потенцијалната измама при гласањето .Главниот набљудувач на тимот на ЕУ, Тис Берман, на 3 јули издаде соопштение во Кабул велејќи: "бројот на проблематични избирачки места би можел да надмине 6000 од вкупно 22.828", кои учествуваа на изборите. Авганистанската Независна изборна комисија во моментов спроведува ревизија на 1930 избирачки места, поради обвинение за изборна измама. Комисијата го одложи објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, додека ја спроведува ревизија. Берман повика Комисијата "да изврши подлабинска ревизија", велејќи дека "ова е технички можно без многу одложување."

XS
SM
MD
LG