Достапни линкови

Бајден и Порошенко разговараа за одржлив прекин на огнот


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден разговарал со украинскиот претседател Петро Порошенко. Белата куќа соопшти дека двајцатата лидери разговарале околу дипломатските напори да се воспостави прекин на огнот што ќе се одржи, ќе биде почитуван од страна на сепаратистите и поддржан од страна на Русија. Бајден, исто така предупреди од понатамошни американски санкции против Русија, доколку не запре поддршката за сепаратистите не продолжи да биде испраќано оружје преку границата во Украина. Едностраниот прекин на огнот прогласен од страна на Порошенко истече оваа недела откако беше прекршуван од страна на про-руските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG