Достапни линкови

УНИЦЕФ-Зголемена бројката на деца кои загинале во Авганистан


УНИЦЕФ соопшти дека во минатата година за 30 проценти се зголемила бројката на деца кои загинале или биле повредени во борбите во Авганистан споредбено со 2012. Извештајот покажува дека најмалку 545 деца загинале, а 1149 биле повредени. Најголем дел од нив биле жртви на импровизирани експлозивни направи, мини и самоубиствени бомбашки напади.

Според извештајот, вооружени опозициски групи, меѓу кои и талибанците биле виновни за судбината на 889 децата, а владините сили за за 206 од жртвите. Во меѓународните воздушни напади, како што наведено во извештајот загинале 37, а биле повредени 19 деца.

XS
SM
MD
LG