Достапни линкови

Се зголемуваат туристичките атракции во Старо Нагоричане


Археолошкиот локалитет Градиште во селото Младо Нагоричане во близина на Куманово.

Археолошкиот локалитет Градиште во селото Младо Нагоричане во близина на Куманово.

Локалитетот Градиште во селото Младо Нагоричане може со текот на времето да стане туристичка атракција, што ќе ја зголеми туристичката понуда на Општина Старо Нагоричане.

Од пред два месеца кога беа вршени археолошки ископувања на локалитетот Градиште во селото Младо Нагоричане, во Општината Старо Нагоричане, се зголемува бројот на туристичките атракции. Сознанијата за богат и значаен локалитет датираат од пред три децении, а при ископувањата биле пронајдени керамички предмети увезени од јужните краишта, од Халкидики, објаснува археологот Дејан Ѓорѓиевски од кумановскиот Музеј.

Ексклузивитет е ископан дел од една комплексна градба за која сè уште не се знае од каков тип е. Евидентно е дека тој што ја користел бил богат, поради употребата на камени архитектонски делови кои што ги наоѓаме во парчиња, а кои зборуваат дека кој и да живеел имал очигледни врски со она што се случувало на југ.

Со овогодишните ископувања бил откриен еден повеќеслоен град, од периодот од 4 и 3 век, а цутот на развојот го доживеал во 5 и 4 век пред нашата ера. На почетокот на четвртиот век во келтските наезди градот бил уриван и пален, подоцна бил обновен, но не живеел во такви услови како до тогаш.

Би требало што повеќе да отвориме од овој локалитет, да се проучи, да се направи процес на конзервација, па дури тогаш да се стави на туристичката мапа.

„Ексклузивитет е ископан дел од една комплексна градба за која сè уште не се знае од каков тип е. Евидентно е дека тој што ја користел бил богат, поради употребата на камени архитектонски делови кои што ги наоѓаме во парчиња, а кои зборуваат дека кој и да живеел имал очигледни врски со она што се случувало на југ. Имаме и некои елементи од камената пластика, па и од други движни наоди кои јасно укажуваат дека и овој регион бил вклучен во тој медитерански свет, барем во поглед на цивилизираноста“, вели Ѓорѓиевски и додава дека археолошките активности биле завршени со малку средства, дека откриеното е сè уште недоволно за локалитетот наскоро да се вклопи во туристичките ексклузивитети.

„Би требало што повеќе да отвориме од овој локалитет, да се проучи, да се направи процес на конзервација, па дури тогаш да се стави на туристичката мапа. Има извонредно погодна положба бидејќи е во близина на магистралниот пат кон Бугарија, познатите ресторани „Визиана“ и „Етно-село“ кои и без тоа мамат туристи. Локалитетот Визианус, Црквиште во селото Клечовце е од другата страна на овој локалитет. И тој дел околу селата Макреш, Клечовце и Младо Нагоричане. Има најава и за пругата што ќе се отвори кон Бугарија, што е добро за развој на културниот туризам“, смета Ѓорѓиевски.

Во овој период во тек се и активностите за реставрација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на селото Старо Нагоричане, инаку значаен културно-историски и национален монумент. Оваа црква е една од најатрактивните и најпосетените од 13-те маркирани туристички атракции во оваа локална самоуправа. Меѓутоа во црквата „Свети Ѓорѓи“ сè почесто се одржуваат венчавки на млади брачни двојки, не само од Куманово, туку и од другите градови.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG