Достапни линкови

logo-print

Кина и Јужна Кореја против нуклеарните тестови на Пјонгјанг


Кинескиот претседател Кси Џинпинг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг за време на посетата на Сеул изјави денеска дека двете Кореи треба да започнат дијалог за да се постигне денуклеаризација на полуостровот. Претседателот на Јужна Кореја, Парк Гун Хе изјави дека Сеул и Пекинг се против спроведувањето на нуклеарни тестови од страна на Пјонгјанг. Двајцата лидери се согласија дека нивните земји треба да ги завршат долготрајните разговори за трговската размена до крајот на годината. Кина е најблискиот сојузник на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG