Достапни линкови

Ирачкиот курдски лидер ќе се обрати пред регионалниот Парламент


Лидерот на ирачкиот курдски регион Масуд Барзани

Лидерот на ирачкиот курдски регион Масуд Барзани

Лидерот на ирачкиот курдски регион Масуд Барзани денеска ќе се обрати во регионалниот Парламент, по неговите неодамнешни изјави дека ќе спроведе референдум за независност во наредните месеци. Медиумите јавија дека тој најверојатно ќе дискутира за одржување на референдум во спорните региони на северен Ирак за нивно вклучување во курдскиот автономен регион. Курдските сили ја преземаа контролата врз Киркук откако владините сили ги напуштија позициите поради офанзивата на сунитските милитанти во земјата.

XS
SM
MD
LG