Достапни линкови

Кога Собранието штанца закони без опозиција, губи демократијата


Седница на Собранието на Македонија за избор на нова Влада.

Седница на Собранието на Македонија за избор на нова Влада.

Продолжува практиката владејачката партија да носи закони без опозиција во парламентот и по скратена постапка да носи важни закони.

Усвојување на годишни извештаи за работата на десетици државни институции, предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка па дури и предлог уставни измени кои се уште не се, но би требало да стигнат на дневен ред ги чекаат пратениците, но главно оние од владејачката коалиција, бидејќи опозицијата е надвор од парламентот.

Се губи доста, но се губи ако некому му е важна демократијата, во Македонија веќе се гледа дека тие непишани правила, како легитимитетот не се веќе на цена.

Од друга страна законите што ги носи собранието и не зависат многу од гласањето на опозицијата бидејќи коалицијата на власт има мнозинство за да ги донесе, но во период кога таа не е присутна практично и нема никаква критика, ниту дебата.

Она што ќе се изгласа во парламентот во вакви услови, вели професор Здравко Савески, е легално, но не и легитимно. Поради тоа што не се слуша и спротивниот глас законите донесени без опозиција во демократски држави се сметаат за еднострани и помалку квалитетни, додава тој.

Во Македонија во континуитет се гради една таква политичка култура и мислам дека време е нешто да се промени, но вистината е една, нема партија на власт што сака да има јака опозиција.

„Се губи доста, но се губи ако некому му е важна демократијата, во Македонија веќе се гледа дека тие непишани правила, како легитимитетот не се веќе на цена и се помалку ќе бидат на цена како оди процесот и сето тоа ќе се оправдува на база на легалноста која во дадениот случај е неспорана“, вели Савески.

Тој има забелешки и за носењето на закони по скратена постапка што, како што вели, е погрешна пракса од независноста до денес. Со слично мислење е и професорот Назми Малиќи кој сепак нагласува дека Македонија не успеала да развие демократски практики за контрола на власта кои ги имале развиените земји.

„Во Македонија во континуитет се гради една таква политичка култура и мислам дека време е нешто да се промени, но вистината е една, нема партија на власт што сака да има јака опозиција“, вели Малиќи.

Инаку во последниве години не е првпат владејачката партија да носи закони без опозиција во парламентот. Лани без ниту еден амандман и со само еден претставник на албанската опозиција во собраниската сала по само 20 минутна расправа пратениците ги изгласаа измените на Деловникот. И претходно исто така без опозиција без донесени стотици закони за што претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ретерираше пред дипломатскиот кор и рече дека тоа во иднина нема да се случува.



  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG