Достапни линкови

Палестинците ќе го погребаат убиеното момче


Ерусалим

Ерусалим

Палестинците денеска ќе го погребаат момчето Мухамед Абу Кадар кое беше киднапирано и убиено вчера во Израел и покрај стравувањата од ескалација на насилствата.

Палестинскиот лидер Махмуд Абас ги обвини израелските екстремисти за ова убиство и горењето на неговото тело како одмазда за убиството на трите израелски момчиња. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара брза истрага и го осуди убиството на Кадар.

Убиството предизвика неколку часовни судирите во источен Ерусалим меѓу стотици Палестинци и израелската полиција. Во меѓувреме, палестински милитанти во Газа истрелаа неколку ракети кон Израел, кој возврати со серија воздушни напади.

XS
SM
MD
LG