Достапни линкови

Јапонија ќе укине некои санкции за Северна Кореја


Јапонскиот премиер Шинзо Абе соопшти дека ќе укинат некои од санкции што ги имаат воспоставено за Северна Кореја без да даде директни детали околу одлуката. Потегот доаѓа откако Пјонгјанг вети дека ќе спроведе повторна истрага за судбината на Јапонците кои беа грабнати од агенти на Северна Кореја пред декади. Објавата на јапонскиот премиер доаѓа и во период кога кинескиот претседател Кси Џипинг ја почнува својата посета на Северна Кореја. Ова е прва посета на Кси како шеф на државата на корејскиот полуостров и втор состанок со севернокорејскиот колега кој ја посети Кина минатата година.


XS
SM
MD
LG