Достапни линкови

ФИФА разгледува воведување и четврта измена


Четврта измена, но само во продолжувањата на натпреварите.

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА ја разгледува можноста за воведување четврта измена. Но тоа, како што изјави членот на Техничката студиска група на ФИФА Жерар Улие, само во продолжувањата на натпреварите.

„Тоа е добра идеја, ама само во продолжувањата и тоа ако е енкој повреден“, рече Улие кој порано беше селектор на француската федерација, оценувајќи дека четвртата измена би можела да им помогне на фудбалерите во мечевите со висок интензитет.

Резервните играчи досега на Мундијалот во Бразил постигнаа 29 голови, со што е соборен досегашниот рекорд од 23 голови што беше постигнат на турнирот во Германија во 2006 година.

„Резервните фудбалери играат значајна улога, бидејќи внесуваат свежина. Тиа имаат постигнато скоро четвртина од головите во последните 15 натпревари“, изјави Улие.

ФИФА порано го отфрли ваквиот предлог, но поранешниот селектор на Франција изјави дека таа одлука би можело да биде ревидирана до следниот Мундијал.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG