Достапни линкови

logo-print

Груевски во посета на Кина


Премирот Никола Груевски заедно со владината делегација која е на патување на азискиот континент во обид за привлекување на странски инвестиции денеска ќе престојува во Кина, конкретно во специјалниот административен регион Хонг Конг. Претходно, владината делегација во која се и министерот за финансии, Зоран Ставрески, министерот без ресор Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо и владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев беа во Јужна Кореја и во Јапонија. Бизнис форумите се организирани во соработка со групацијата Фајнешл Тајмс.


XS
SM
MD
LG