Достапни линкови

logo-print

Охрид без сообраќајна стратегија


Охрид.

Охрид.

Охрид во текот на летниот период се претвора во тесно грло, недостасуваат паркинг места и катни гаражи. Иако со години се најавува изработка на сообраќајна студија од тоа за сега нема ништо.

Охрид за време на летната туристичка сезона ќе има посебен сообраќаен режим. Но и оваа лето изостана долго најавуваната сообраќајна студија која ќе требаше да го режи сообраќајниот метеж и проблемите со паркирање во градот. Во интервалот од 20 часот навечер до 5 часот наутро туристите кои ќе престојуваат во стариот дел на Охрид нема да можат со возила да одат во градот, бидејќи во тој период ќе има тотална забрана за сообраќај. Единствено жителите кои живеат во тој дел ќе можат да се движат со специјални пропусници. Томе Змејкоски од одделението за комунален развој и сообраќај при локалната самоуправа во Охрид со порака до гостите.

Стручната сообраќајна студија која ја најавуваа толку бомбастично минатата година деќа ќе биде донесена, но се до ден денес, не е донесена.

„Само од улиците Коста Абраш и Цар Самоил не можат да се вратат во период од 20 до 05 часот бидејки има тотална забрана за сообраќај. И тие да си ги паркираат автомобилите на паркинзите кои се слободни кај Горна Порта и на Илинденска. Бидејки во тој период сите туристи шетаат по тие улици, не може во никој случај да се одвива моторен сообраќај, само за специјални возила за брза помош, пожарна и полиција“, рече Змејкоски.

Градскиот кеј во Охрид почнувајќи од 1 јули цело лето ќе биде слободна пешачка зона. Ова го предвидува новиот режим на сообраќај. По дел од улиците и ова лето ќе може да се движи само во една насока.

За жал во оваа една година, во овој период меѓу два совети, овој проект не е завршен, и не е реализиран.

„Улицата Кеј Маршал Тито се затвора за сообраќај, фактички тоа е шеталиштето кое се поврзува со стариот дел на градот . Од плоштадот „Свети Климент Охридски“, по улицата „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и „Илинденска“ се забранува секаков вид на моторен сообраќај во период од 20 часот до 5 часот наутро кога овој простор ќе се користи како пешачка зона во летниот период од 1 Јули до 31 Август 2014“, вели Змејкоски.

Охрид во текот на летниот период се претвора во тесно грло, недостасуваат паркинг места и катни гаражи. Иако со години се најавува изработка на сообраќајна студија од тоа за сега нема ништо. Нема ништо ниту од предизборните ветувања за изградба на катна гаража со што би се растеретиле гужвите и проблемите со паркирањето.

Јован Стојански од СДСМ велат дека одлуката за сообраќаен режим не се носи на еден ден пред нејзиниот старт.

„Она што е најважно во случајот е оној класичен пропаганден однос кој го има ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да најавува доста работи, бомбастично, а притоа немаше нивно остварување. Во овој случај, мислам конкретно на стручната сообраќајна студија која ја најавуваа толку бомбастично минатата година деќа ќе биде донесена, но се до ден денес, не е донесена“, вели Стојаноски.

Како локална самоуправа не отстапуваме од тоа да пронајдеме фирма која за потребите на Охрид ќе изработи сообраќајна студија, рече Димитар Спасески секретар во Општина Охрид.

„За жал во оваа една година, во овој период меѓу два совети, овој проект не е завршен, и не е реализиран. Ние направивме се што можевме за тој да успее, но кога сте поврзани со пројавување на интерес на други лица, кога работите не зависи од вас, а ние како служби немаме капацитет самостојни да ја извршиме таа сообраќајна студија, рече Спасески.

XS
SM
MD
LG