Достапни линкови

logo-print

Самарас-Приклучувањето во ЕУ е според заслуга


Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави денеска во Европскиот парламент во Стразбур дека процесот на приклучување во ЕУ не е според распоред туку според заслугите, како одговор на прашање на МИА како Македонија ќе напредува во европската интеграција, кога главната пречка е спорот со името. Европскиот Совет одлучил да не отвора преговори со земјите кои денес не одговараат на критериумите, бидејќи со тоа се става во прашање кредибилноста на проширувањето и на целиот процес во Европската Унија.

Според него, кога непопустливоста го заменува дијалогот, нештата стануваат крајно тешки за решавање. Самарас порача дека Скопје покажува голема непопустливост и тоа е лош знак не само за Грција туку и за целиот свет. Тој, како што јави МИА, го игнорирал и постоењето на македонскиот јазик.

XS
SM
MD
LG