Достапни линкови

Украина-4 војници загинале во денешните напади


Портпаролот на украинскиот Национален совет за одбрана и безбедност, Андриј Лисенко изјави дека четворица војници загинале за време на нападите против позициите на руските сепаратисти во земјата. Украинските владини сили ја продолжуваат офанзивата во источниот дел на Украина. Претседателот на парламентот Олександар Турчинов изјави дека вооружените сили и Националната гарда напредувале против, како што рече, терористите и криминалците. Украинскиот претседател Петро Порошенко го прекина десетдневното примирје наведувајќи дека тоа не придонело за решавање на кризата.

XS
SM
MD
LG