Достапни линкови

Продолжува офанзивата на украинските сили


Украинските владини сили ја продолжуваат офанзивата против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина. Претседателот на парламентот Олександар Турчинов изјави дека вооружените сили и Националната гарда напредувале против, како што рече, терористите и криминалците. Украинскиот претседател Петро Порошенко го прекина десетдневното примирје наведувајќи дека тоа не придонесло за решавање на кризата. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Мери Харф оцени дека Порошенко има право да ја брани земјата и оти за одржување на примирјето треба да има две страни. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пак оцени дека одлуката на Порошенко ќе означи почеток на ново крвопролевање со непредвидливи последици. За денеска во Берлин е закажан состанок на министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и Франција за украинската криза.

XS
SM
MD
LG