Достапни линкови

Колку чини рускиот гас?


Цена која европските земји ја плаќаат за руски гас.
Цена која европските земји ја плаќаат за руски гас.

Земјите од Западна Европа плаќаат помалку за руски гас, отколку што плаќаат посиромашните земји од Централна и Источна Европа. Македонија плаќа 564 долари за илјада кубни метри, а Германија плаќа помалку од 400 долари.

Една цена не им одговара на сите европски потрошувачи на руски гас.
Една студија на јавно достапни податоци покажуваат дека земјите од Западна Европа му плаќаат помалку на рускиот државен гигант за гас, Газпром, отколку што плаќаат посиромашните земји од Централна и Источна Европа.

Цените на Газпром зависат од алтернативите во тие земји. Тоа во суштина делува како дискриминирачки монопол. Ако има значителен удел на пазарот во земјата, или ако увиди дека една земја има ограничени алтернативи, тогаш ги формулира цените соодветно.
Џејмс Хендерсон, експерт од Оксфорд за руската нафтена и гасна индустрија.

Па така на пример Полска и Република Чешка плаќаат по 500 долари за илјада кубни метри гас, додека Германија плаќа помалку од 400 долари.

„Цените на Газпром зависат од алтернативите во тие земји. Тоа во суштина делува како дискриминирачки монопол. Ако има значителен удел на пазарот во земјата, или ако увиди дека една земја има ограничени алтернативи, тогаш ги формулира цените соодветно на тоа“, вели Џејмс Хендерсон, експерт од Оксфорд за руската нафтена и гасна индустрија.

Некои од најсиромашните земји во Европа плаќаат највисоки цени за рускиот гас

Од пет најсиромашни земји во Европа, само Молдавија плаќа цена под просекот за руски гас. Македонија, петата најсиромашна европска нација според бројките на ММФ, плаќа повеќе од која било друга земја (564 долари за илјада кубни метри). Босна и Херцеговина, каде што просечната месечна плата е околу пет пати понискa отколку во Германија, плаќа 515 долари за илјада кубни метри.

Интерактивната мапа со цените на гасот во Европа можете да ја видите овде.

Некои од најбогатите земји во Европа кои плаќаат помалку за рускиот гас, се обвинети дека се попустливи кон Русија

По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март и последователните борби во источниот дел на Украина, Русија беше обвинета за поддршка на сепаратистите. САД и ЕУ воведоа санкции насочени кон Москва, но Германија, Австрија и Франција, земји кои плаќаат помалку од 400 долари за гас, се обвинети дека имаат отпор за построги казни кон Русија.

Германија, најголемата клиент на Газпром, во 2013 година купи 40 милијарди кубни метри гас, што е еквивалент на волуменот на 40 илјади Емпајар стејт згради, е под притисок од германските индустриски лидери да се избегнуваат понатамошни санкции. Франција одби да се повлече од договорот за продажба на воени бродови на Русија, договор вреден повеќе милијарди долари. Австрија која плаќа 397 долари за илјада кубни метри, во јуни потпишаа договор со Русија за изградба на австрискиот дел од рускиот нафтовод, кој ќе ја заобиколи Украина.

Но на пример Европската унија успешно изврши притисок врз Бугарија, која плаќа 100 долари повеќе за илјада кубни метри од Австрија, да го одложи договор со Русија за Јужен тек.

Кремљ го користи евтиниот гас како „мамец“ за земјите да се приклучат кон нејзината царинска унија

Кога во ноември минатата година поранешниот украински претседател Виктор Јанукович одби да ја потпише Спогодбата за асоцијација со ЕУ , рускиот претседател Владимир Путин се обиде да го освои Киев со влез во Царинската унија, предводена од Русија, во која во моментов се вклучени и Белорусија и Казахстан. Белорусија плаќа 166 долари за илјади кубни метри гас, а Ерменија која минатата година ја објави својата намера да се приклучи кој руската Унија плаќа 189 долари за рускиот гас. Освен тоа што Путин им понуди отпис на долгот во износ од 15 милијарди долари, им понуди и откуп на гас по многу ниска цена.

Дел од поранешните советски републики кои целиот гас го добиваат од Русија плаќаат многу за тоа

Некои од земјите кои се потпираат најмногу на руски гас, жестоко ја критикуваат Москва. Трите балтички земји, Латвија, Литванија и Естонија, кои беа силни поддржувачи на Украина во актуелната криза, целосно се снабдуваат со природен гас од Русија. Украина добива 72 отсто гас од Русија. Никоја од овие земји не плаќа помалку од 416 долари на илјада кубни метри гас.

Трите балтички земји, Латвија, Литванија и Естонија плаќаат многу за руски гас.
Трите балтички земји, Латвија, Литванија и Естонија плаќаат многу за руски гас.

Не секогаш политичките симпатии кон Русија имаат тежина

Освен Белорусија, Србија е најблискиот сојузник на Русија во Европа, но таа плаќа 457 долари за илјада кубни метри и се наоѓа во групата на земји кои плаќаат најмногу за руски гас. Италија, која формираше блиски односи со Русија за време на мандатот на поранешниот премиер Силвио Берлускони, плаќа 440 долари за илјада кубни метри.

„Тоа е главно економски, но има и политичкo преклопување во преговорите, а понекогаш и тајмингот на дискусиите и тајмингот на преговорите може да имаат политичка влијание врз договорот. Но, од она што може да се види е дека цените на рускиот гас се според она што мислат дека можат да го наплатат“, вели Хендерсон.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG