Достапни линкови

logo-print

Убиено палестинско момче во Ерусалим


Денеска било пронајдено телото на палестинското момче кое претходниот ден, според наводите, било киднапирано во Ерусалим. Ова предизвика нереди во источниот дел на градот. Според некои оценки, станува забор за одмазничи акт за убиството на три израелски момчиња чии тела беа пронајдени пред два дена. За ова тројно убиство Израел го обвини Хамас. Градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат изјави дека убиството на палестинското момче претставува варварски чин и оти убијците ќе бидат пронајдени и казнети.

XS
SM
MD
LG