Достапни линкови

Кери: Москва да не ги поддржува сепаратистите во Украина


Американскиот државен секретар Џон Кери апелира до Москва да прекине да ги поддржува проруските сепаратисти во Украина. Тој во синоќешниот телефонски разговор со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изразил длабока загриженост од тоа што сепаратистите одбиваат да преземат неопходни мерки со цел продолжување на примирјето. Кери, како што соопшти Стејт департментот, ја повторил поддршката на Вашингтон на властите во Киев, како и заложбата за продолжување на притисокот врз Москва да прекине да ги вооружува сепаратистите. Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера ја продолжи воената операција против бунтовниците на истокот на земјата, што предизвика жестока критика од рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG