Достапни линкови

Саркози обвинет за корупција и влијаење врз кривична истрага


Поранешниот француски претседател Николас Саркози е обвинет за корупција и влијаење врз кривична истрага, соопшти француското обвинителство. Тој претходно беше испрашуван 15 часа, откако стана првиот француски претседател што бил приведен. Француските медиуми објавија дека 59-годишниот Саркози е осомничен дека од еден судија добивал инсајдерски информации во врска со друга истрага. Саркози наводно добил информација дека неговиот телефон се прислушкува по судска наредба како дел од истрагата за финансирањето на неговата кампања од 2007 година од поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи.

XS
SM
MD
LG