Достапни линкови

Унгарија ќе го изгради својот дел од Јужен тек


Унгарскиот претседател Виктор Орбан во посета на Србија.

Унгарскиот претседател Виктор Орбан во посета на Србија.

Унгарија соопшти дека ќе го изгради својот дел од гасоводот Јужен тек што ја заобиколува Украина при снабдувањето на Европа со руски гас. Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера во Србија изјави дека „оние кои велат дека не треба да го градиме Јужен тек, треба да понудат алтернативен предлог за тоа како да живееме без енергија“. Забелешките на Орбан ги нагласуваат поделбите во ЕУ во врска со гасоводот. Европската комисија ги повика земјите членки на ЕУ да му се спротивстават на притисокот на Кремљ за проектот, соопштувајќи дека Газпром ги прекршил правилата за конкурентност во Унијата. Бугарија минатиот месец ги замрзна градежните работи на Јужниот тек, но австриската енергетска компанија ОМВ и Газпром на 24 јуни потпишаа договор за изградба на делницата во Австрија. Србија на 17 јуни уште еднаш ја потврди посветеноста на проектот.

XS
SM
MD
LG