Достапни линкови

Водачот на ИДИЛ ги повика сите муслимани на борба


Илустрација.

Илустрација.

Водачот на Исламската држава Ирак и Левант, сунитската милитантна организација која освои големи делови од Ирак и од Сирија, Абу Бакр ал-Багдади, ги повика муслиманите ширум светот да дојдат во териториите под контрола на неговата организација и да се борат за воспоставување исламска држава. Во снимката што вчера беше објавена на интернет, тој се претстави како исламски лидер во светот. Во меѓувреме, ирачките владини сили продолжуваат со офанзивата за враќање на контролата врз градот Тикрит на северот на земјата, кој од минатиот месец е под контрола на бунтовниците. Исламската држава Ирак и Левант пред три дена објави дека воспоставила калифат, односно исламска држава, на териториите што ги контролира.

XS
SM
MD
LG