Достапни линкови

logo-print

Тешко до резултати од претседателските избори во Авганистан


Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула.

Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула.

Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула го поздрави одложувањето на соопштувањето на изборниот резултат од претседателските избори во земјата. Абдула го бојкотираше пребројувањето на гласовите по изборите на 14 јуни, обвинувајќи ги неговиот ривал Ашраф Гани, досегашниот претседател Хамид Карзаи и изборните органи за измама.

Независната изборна комисија соопшти дека објавувањето на прелиминарните резултати кое беше закажано за денеска може да биде одложено за неколку денови. Абдула изјави дека одложувањето ќе овозможи темелна ревизија на спорните гласачки ливчиња и додаде дека сега речиси сите се согласува дека има измама од огромни размери.

Претседателот на Изборната комисија за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа пред два дена изјави дека Комисијата ги пребројува гласовите на околу 1.900 избирачки места во 30 провинции, процес кој може да трае 4-5 дена.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека државниот секретар Џон Кери синоќа побарал од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да одговори на загриженоста на кандидатите.

XS
SM
MD
LG