Достапни линкови

logo-print

Аргентина и Белгија во четвртфинале


Аргентина и Белгија ќе се соочат во четвртфиналето на Светското првенство во Бразил, откако вчера дури по продолженијата беа подобри од Швајцарија, односно САД во осминафиналните дуели.

Аргентина ја совлада Швајцарија со 1-0 со голот на Ангел Ди Мариа постигнат во 118 минута од напреварот.

Белгија, пак, беше подобра од САД со 2-1. Откако мечот заврши 0-0 во регуларниот дел, Кевин Де Брујне постигна гол во втората минута од продолжението за водство на Белгија. Ромелу Лукаку погоди во 106 минута за 2-0 за Белгија, а конечните 2-1 ги постави Американецот Џулијан Грин на почетокот на второто продолжение.

Четвртфиналните натпревари почнуваат на 4 јули со натпреварите Франција-Германија и Бразил-Колумбија. Наредниот ден играат Аргентина-Белгија и Холандија-Коста Рика.

XS
SM
MD
LG