Достапни линкови

Совети за превенција од крлежи и од болви


Апсолутна заштита од крлежи и од болви нема, особено во вакви периоди од годината, меѓутоа превенцијата се состои во хигиена и средување на околината.

Крлежите и болвите пренесуваат опасни и тешки болести не само кај животните, туку и кај луѓето. За жал, луѓето и во нашата држава, како и во регионот малку се информирани за опасноста од овие паразити, бидејќи, како што велат ветеринарните стручњаци, медиумите малку обрнуваат внимание на тоа.

Се ставаат препарати кои се во облик на стик или спреј за луѓето кои ги одбиваат крлежите, а за животните преку ѓердани, како за мали, така и за големи.

Иван Павловиќ.

Иван Павловиќ.

Доктор Иван Павловиќ, паразитолог од Ветеринарниот институт во Белград, еден од листата на експертите на Светската здравствена организација, неодамна пред своите колеги во државава одржа предавање за крлежите, болвите и заболувањата што тие ги пренесуваат. Тој вели дека сепак и луѓето и животните можат да се заштитат од крлежите и болвите.

„Се ставаат препарати кои се во облик на стик или спреј за луѓето кои ги одбиваат крлежите, а за животните преку ѓердани, како за мали, така и за големи“, рече тој.

Има три фази. Првите две-три недели по кожата се појавуваат црвени дамки кога треба да се провери крвта. По година–две се јавуваат проблеми во зглобовите, а по десетина години се јавуваат мозочни проблеми. Може да се појави и виетнамска треска, затоа по убод од крлеж треба да се оди на лекар.

Доктор Павловиќ вели дека и луѓето и животните на повеќе начини можат да бидат жртви на овие паразити кои ја цицаат крвта. Болвите, пак, создаваат алергија, а тие на времето ја пренесувале чумата. Сега тие пренесуваат бартонела, а крлежите се поопасни бидејќи ја пренесуваат и лајмската болест, која може да биде и смртоносна.

„Има три фази. Првите две-три недели по кожата се појавуваат црвени дамки кога треба да се провери крвта. По година–две се јавуваат проблеми во зглобовите, а по десетина години се јавуваат мозочни проблеми. Може да се појави и виетнамска треска, затоа по убод од крлеж треба да се оди на лекар“, вели тој.

Павловиќ појаснува дека овие паразити се актуелни 60-ина години, но последните две децении се инфективни.

„Затоа што инфектот ни пристигна од белиот свет, го добивме преку новите начини на транспорт, авионите и бродовите. Кога инфектите еднаш ќе дојдат во крлеж, тие се пренесуваат во сите стадиуми и еден инфициран крлеж може болеста да ја пренесе на пет генерации кај човекот. Овие болести не беа познати во Европа пред 30 години, а сега се присутни секаде. Ги увезовме како и бананите“, рече Павловиќ.

Ветеринарен лекар од Куманово вели дека во Македонија малку се обрнува внимание на опасноста од паразитите. Последните анализи биле правени пред повеќе од половина век.

„Минатата година за првпат во кумановски регион од тогаш наваму е направена анализа на фауната на крлежи кои паразитираат кај говеда, кози, овци и кучиња. Сè уште не се официјално објавени тие податоци. Крлежите се најголеми вектори за пренесување на заболувања. Како ветеринар се среќавам со нив и кај домашните миленици и кај фармерските животни, а веројатно ги има и кај луѓето“, вели тој.

Ветеринарот вели дека апсолутна заштита нема особено во вакви периоди од годината, меѓутоа превенцијата се состои во хигиена и средување на околината.

Освен крлежите и болвите, последните години и убодот од оса и пчела може да биде опасен по животот на луѓето, за што доктор Павловиќ вели дека порано не било така. Сме имале поздрава храна, без пестициди и многу појак имунолошки систем. Сега од стресовите ни паѓа имунитетот, па тоа „помага“ секоја пчела да може да биде и смртоносна и медоносна.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG