Достапни линкови

logo-print

Израелците ја оплакуваат смртта на тинејџерите


Илјадници луѓе се собраа да ја оплакуваат смртта на тројцата израелски тинејџери кои се смета дека биле киднапирани и убиени од страна на исламската група Хамас. Израелски воени авиони денеска нападнаа десетици цели во појасот Газа, а во истовреме израелски војници отворија оган и убија Палестинец за време на акцијата во окупираниот Западен Брег. Израелската војска соопшти дека се таргетирани 34 цели - повеќето на Хамас. Трите деца исчезна на 12 јуни, а нивните тела беа пронајдени вчера северно од Хеброн.

XS
SM
MD
LG