Достапни линкови

Пакистан бара Авганистан да им се спротистави на милитантите


Пакистанската војска го повика Авганистан да им се спротистави на милитантите кои го напаѓаат Пакистан. Според соопштението, лидерот на пакистанските талибанци се крие на границата со Авганистан додека се одвива воената операција во северен Вазиристан, при што порачуваат дека Кабул мора да преземе нешто. Пакистанската војска нагласува и дека по операцијата целиот регион во северен Вазиристан, ќе биде исчистен од милитантите. Досега во операцијата биле убиени 376 милитанти.

XS
SM
MD
LG