Достапни линкови

logo-print

Саркози на сослушување за корупција


Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози е приведен на сослушување поради обвиненија за незаконско финансирање на предизборната кампања.

Распитот на Саркози е во врска со аферата „Бетанкур“, за незаконско финансирање на предизборна кампања. Максималната пресуда за „трговија со влијание“ во Франција е три години затвор и 375.000 евра казна.

Освен него на сослушување бил повикан и неговиот адвокат, како и двајца судии од Врховниот касационен суд, поради сомнеж дека му доставување доверливи информации.

XS
SM
MD
LG