Достапни линкови

Премиерот Шинзо Абе позитивно ги оцени македонските реформи


Република Македонија и Јапонија имаат одлични политички односи на билатерален и на мултилатерален план. Во рамките на дваесетгодишните дипломатски односи двете земји континуирано ја унапредуваат соработката, констатираа на денешната средба во Токио премиерот Никола Груевски и неговиот јапонски колега и домаќин Шинзо Абе.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците изразиле задоволство и од практиката на одржување средби на највисоко политичко ниво и истакнаа заложба и личен ангажман за унапредување и продлабочување на економските односи, економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Премиерот Абе позитивно ги оцени економските реформи кои ги спроведува Република Македонија, истакнувајќи дека истите тие реформи се потврдени со резултати и дека поволностите и мерките кои ги нуди се охрабрувачки за анализи и размислувања за јапонските инвеститори при креирањето одлуки за проширување на нивните бизниси.

XS
SM
MD
LG