Достапни линкови

Продолжи украинската операција во источна Украина


Украинската влада соопшти дека изутрината продолжи антитерористичка операција против проруските сепаратисти откако 10-дневното примирје не успеа да ја разреши кризата на истокот на земјата. Парламентарниот спикер Олександар Турчинов изјави дека вооружени сили ги напаѓаат упориштата на терористите. Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно изјави дека нема да го обнови прекинот на огнот и оти украинските сили ќе почнат офанзива против бунтовниците во источна Украина.

XS
SM
MD
LG