Достапни линкови

Руски хакери таргетирале западни енерегетски компании


Американска компанија за компјутерска безбедност соопшти дека врз западните нафтени и гасни компании се вршат систематски напади од страна на група на хакери идентификувани во Русија.

Компанијата Симантек, со седиште во Калифорнија, соопшти дека група хакери, позната како Летечки змејови таргетира енергетски компании во САД, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Турција и Полска. Според Симантек, хакерите успеале да внесат тројан во софтверот што се користи од страна на 250 нафтени и енергетски компании.

Кевин Хејли од Симантек изјави дека нема докази за саботажа но дека очигледен мотив е да се дознае повеќе за операциите енергетски компании, нивните стратегиски планови, и технологија.

XS
SM
MD
LG