Достапни линкови

logo-print

Израел презеде акции во Газа и Западниот Брег


Газа

Газа

Израелски воени авиони денеска нападнаа десетици цели во појасот Газа, а во истовреме израелски војници отворија оган и убија Палестинец за време на акцијата во окупираниот Западен Брег.

Нападите доаѓаат ден откако Израел соопшти дека ќе се одмазди за смртта на три киднапирани израелски тинејџери на Западниот Брег. Израелската војска соопшти дека се таргетирани 34 цели - повеќето на Хамас. Трите деца исчезна на 12 јуни, а нивните тела беа пронајдени вчера северно од Хеброн.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека зад тоа стои Хамас. Хамас негираше вмешаност. Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара средба за да се разговара за инциденот.

XS
SM
MD
LG