Достапни линкови

logo-print

Без казни за Скопје и Атина нема решение за „името“


Крајно време е за излез од ќорсокакот во кој се најде Македонија на патот кон НАТО и ЕУ. Ова е констатацијата во анализата за НАТО и Балканот, заеднички потпишана од Едвард Џозеф и Јануш Бугајски, објавена во Форин афеарс. Во неа се анализираат шансите на земјите во регионот да станат дел од Алијансата.

Замислете дека предводите мала балканска земја која фанатично сака да влезе во западните институции. Но, вашата земја исто така има долготрајни културни и економски врски со Русија, нешто слично како Украина.

И покрај фалбаџискиот национализам на македонскиот премиер Никола Груевски, малата и слаба земја е релативно лесна за притисок. Потешко, но не и невозможно е и силна рака спрема Грција.

Тогаш Западот воведува санкции претив Москва и вие сте присилени да избирате„ Дали сте со Западот или против него?“. Ако сте Србија, најголемата земја од екс Југославија, прогласувате неутралност.

Но, ако сте на пример малата Црна Гора, вие застанувате зад Западот, но не добивате големо признание за тоа од НАТО и ЕУ.

Европските престолнини се подготвени не само Црна Гора, туку и Босна и Македонија, да ги изложат на рускиот опортунизам, рескирајќи потенцијална регионална нестабилност.

Во светлината на украинската криза, Вашингтон би требало да направи сè што може овие три земји да напредуваат кон западните институции.

За да го прошири своето политичко влијание на Балканот, Русија може да ги користи политичките врски, разрузнавачката пенетрација, финансиските мерки и најважно, енергетските односи.

Москва веќе ја прошири својата улога во Република Српска. Исто така, нелагодноста расте и во Македонија, уште една земја која НАТО продолжува да ја држи на влезот.

Ако незадоволството во оваа слаба, етнички поделена држава продолжи, тоа би можело да се прошири на Косово, земја во која има значително присуство војници на НАТО и САД.

Затоа, крајно време е за обнова на меѓународните напори за надминување на ќорсокакот што ја држи оваа земја надвор од НАТО и ЕУ.

Во изминативе осум години земјата има постојана понуда да им се приклучи на овие организации веднаш откако ќе го реши спорот со Грција околу името.

Берлин, Лондон, Париз и Вашингтон мора да формулираат пакет казни за Атина и Скопје доколку го отфрлат конечниот предлог на медијаторот за решавање на спорот. Без негативен поттик, ќорсокакот меѓу Македонија и Грција само ќе се влошува.

Се до неодамна грчката позиција беше само иритирачка за Западот. Сега, рускиот агресивен предизвик на поредокот по Студената војна го претвори во растечка загриженост за безбедноста. Решавањето на спорот е целосно прашање на политичка волја, а не на правото.

Пред три години, Меѓународниот суд на правдата го поддржа македонското барање дека Атина го прекрши Привремениот договор да не го блокира нејзиното членство во меѓународните организации.

Постојано се повторува дека Македонија сака да влезе во нив и под понижувачката и застарена референца поранешна југословенска Република Македонија.

Во изминативе шест години, Европа и САД му го оставија проблемот на медијаторот на Обединетите нации.

Но, надминувањето на проблемот ќе бара многу повеќе од гледање од страна. Берлин, Лондон, Париз и Вашингтон мора да формулираат пакет казни за Атина и Скопје доколку го отфрлат конечниот предлог на медијаторот за решавање на спорот. Без негативен поттик, ќорсокакот меѓу Македонија и Грција само ќе се влошува.

И покрај фалбаџискиот национализам на македонскиот премиер Никола Груевски, малата и слаба земја е релативно лесна за притисок. Потешко, но не и невозможно е и силна рака спрема Грција.

Една од опциите е да и се стави до знаење на Атина дека НАТО сојузниците би можело да му се обратат на Генералното собрание на Обединетите нации за да го поддржи признавањето на македонското уставно име.

Европската унија, исто така би можела да ја објави својата намера за отворање на дијалог на високо ниво со Скопје, важен чекор што Грција не може да го блокира.

Вашингтон, пак, би можел да предложи навраќање на консензуалните правила во рамките на НАТО во случаи кога ветото на една земја ја поткопува внатрешната стабилност на некоја соседна држава и претставува закана за регионалната безбедност.

Со ваква политичка поддршка, медијаторот би можело да го добие вниманието од засегнатите страни и конечно да го затвори ова долготрајно прашање, со што ќе и се овозможи на климавата Македонија да продолжи кон стабилизирачките граници на НАТО и ЕУ, се наведува, меѓу другото, во анализата објавена во Форин афеарс.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG