Достапни линкови

Третото четвртфинале: Франција- Германија


Во европско- африканските дуели подобри беа Франција и Германија

Репрезентациите на Франција и на Германија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал, што се игра во Бразил. Триколорите вчера ја победија Нигерија со 2:0, со голот на Погба во 79 минута и автоголот на Јобо во 90 минута.

Германците го совладаа Алжир со 2:1 по продоженијата, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 0:0. Првиот гол го постигна Ширле во 2 минута од продолженијата, на 2:0 зголеми Озил во 120 минута, а намали Џабу минута подоцна.

Со тоа се познати двојките за три четвртфинални средби: Бразил- Колумбија, Холандија- Костарика и Франција- Германија.

Четвртата двојка ќе биде позната денеска, по одигрувањето на последните две осминафинални средби: Аргентина- Швајцарија и Белгија- САД.

XS
SM
MD
LG