Достапни линкови

logo-print

Порошенко нема да го продолжи прекинот на огнот


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека нема да го обнови прекинот на огнот и оти украинските сили ќе почнат офанзива против бунтовниците во источна Украина. Прекинот на огнот, кој беше дел од неговиот план за прекинување на про-рускиот бунт на истокот, заврши доцна вчера. Во видео пораката на Порошенко на неговиот веб сајт, тој вели дека прекинот на огнот е запрен. „Ќе нападнеме и ќе ја ослободиме нашата земја“, изјави Порошенко во пораката која доаѓа по неговата средба со шефовите за безбедност.

Претходно вчера тој телефонски разговараше со лидерите на Русија, Германија и на Франција, истакнувајќи дека бунтовниците не ги исполнуваат условите.

Француското претседателство претходно соопшти дека Порошенко и неговиот руски колега Владимир Путин се согласиле да работат на прифаќање на прекинот на огнот и брзо воспоставување на ефикасна гранична контрола.

Прекинот на огнот континуирано беше прекршуван од двете страни.

XS
SM
MD
LG