Достапни линкови

Прва седница на новиот ирачки парламент


Новиот парламент на Ирак денеска треба да ја одржи првата седница во период кога владините сили спроведуваат офанзива за враќање на северниот град Тикрит од милитантите предводени од сунитите. Борците на „Исламската држава Ирак и Левант“ го освоија Тикрит во текот на јуни, откако навлегоа во големи делови на северен и западен Ирак.

Се очекува парламентот да избере нов спикер, премиер и претседател. Актуелниот премиер Нури ал Малики, кој е шиит, сака и трет мандат на оваа функција и покрај честите обвинувања за поттикнување на секташките тензии, кои според критичарите доведоа до оваа криза.

XS
SM
MD
LG