Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху: Хамас ќе плати за убиството на тројца тинејџери


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини милитантите од Хамас за убиство на тројца израелски тинејџери и вети дека тие ќе одговараат за тоа.

Претставник на армијата вчера соопшти дека тројцата тинејџери кои исчезнаа на Западниот Брег претходно во јуни, биле најдени мртви. Нивните тела биле најдени вчера во близина на градот Хеброн, недалеку од местото каде што исчезнаа на 12 јуни. Се уште не е јасно како тие починале.

Канцеларијата на Нетанјаху ја цитира неговата изјава: „тие биле киднапирани и ладнокрвно убиени од животни со човечки лик. Хамас е одговорен и ќе плати за тоа“.

Американскиот претседател Барак Обама го осуди „бесмислениот акт на терор против невини млади“, но исто така побара воздржаност од сите страни. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги нарече убиствата „гнасен чин на непријателите на мирот“.

XS
SM
MD
LG