Достапни линкови

Пакистан почна голема офанзива против милитантите


Пакистан започна голем напад против упориштата на Талибанците во племенскиот регион во Северен Вазиристан, во близина на авганистанската граница. Пакистанската армија соопшти дека почнала опсежна потрага во Мираншах, најголем град во Северен Вазиристан. Во соопштението се вели дека нападот почнал по евакуацијата на речиси половина милион жители на тој регион. Според армиски претставник, во почетните копнени борби загинале 15 милитанти. Оваа операција следува по двонеделните воздушни напади и артилериски оган врз бунтовнички цели.

Премиерот Наваз Шариф ја нарече офанзивата „почеток на ера на мир и спокојство“, но Талибанците ветија дека ќе возвратат на нападот.

Воени претставници соопштија дека речиси 380 милитанти и 17 припадници на безбедносните сили загинале од почетокот на офанзивата против милитантите во Северен Вазиристан на 15 јуни.

XS
SM
MD
LG