Достапни линкови

logo-print

Акредитацијата на болниците нема да ги реши проблемите


Ќе правиме акредитација, а основните елементи не ги правиме, така дојдовме до тоа Прилеп, општина која има 100 илјади жители, да нема гинеколог. Со акредитации ќе има гинекологија таму?“, прашува поранешниот министер за здравство, Ѓорѓи Оровчанец.

Иако стратегијата за лиценцирање и акредитација на здравствени установи е изготвена пред повеќе од десет години, вториот дел од неа почнува да се имплементира сега. Почнувајќи од денеска здравствените установи ќе треба да исполнуваат одредени критериуми за нивна акредитација.

Ќе беше добро лиценцирањето и стратегијата да одат паралелно, лиценцирани доктори и акредитирани институции со меѓународни стандарди, не со локални и со партиски.

Целта на здравствените власти, според најавите, е стандардизација на јавните здравствени установи во земјава по примерот на светските здравствени системи, што доколку се спроведе на вистински начин и се контролира може да значи унапредување на здравството, велат здравствените работници.

Болница во Прилеп.

Болница во Прилеп.

„Стратегијата е подготвена во 2001-2002 година, значи ја плати Министерството со помош на Светска Банка, таа е подготвена повеќе од 10 години. Таа треба да се погледне, да се реализира или да се направи нова, но има посебни стандарди како се прави стратегија. Ќе беше добро лиценцирањето и стратегијата да одат паралелно, лиценцирани доктори и акредитирани институции со меѓународни стандарди, не со локални и со партиски“, посочува професор Спасе Јовковски од медицинскиот факултет во Скопје.

Тоа е можност за најрационално да се користат ресурсите коишто постојат во една држава, а очигледно ресурсите ни бегаат од рака и сега ајде ќе правиме акредитација.

Со оваа постапка се добива увид во можностите со кои располагаат здравствените установи во земјата, но тоа треба правилно да се користи зошто само тогаш може да обезбеди најрационално искористување на ресурсите, посочува поранешниот министер за здравство, Ѓорѓи Оровчанец.

„Тоа е можност за најрационално да се користат ресурсите коишто постојат во една држава, а очигледно ресурсите ни бегаат од рака и сега ајде ќе правиме акредитација, а основните елементи не ги правиме, дојдовме до тоа Прилеп, општина која има 100 илјади жители, а нема гинеколог, тоа е неверојатна работа. И што сега акредитации, со акредитации ќе има гинекологија таму?“, прашува Оровчанец.

Станува збор за повеќе административна реформа, посочува Оровчанец, во која лежат и опасности од манипулација поради уделот на индивидуалната проценка, но и реформа која е насочена повеќе кон квантитетот отколку кон квалитетот. Како што информираат здравствените власти, стандардите за акредитација опфаќаат повеќе поглавја како што се унапредување и раководење, човечки ресурси, управување со информации, управување со ризик и безбедност на пациенти, лекување на пациенти и специфични клинички услуги.

XS
SM
MD
LG