Достапни линкови

Украина и Русија се согласија да работат на примирје


Француските власти соопштија дека претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко се согласиле да работат на прекин на огнот во источна Украина и брзо вопоставување на ефективна гранична контрола.

Според нив, Путин и Порошенко се согласиле заеднички да работат на ослободувањето на заложниците и затворениците од двете страни. Путин ја истакнал потребата за продолжување на примирјето и креирање на механизам за мониторинг во кој ќе биде вклучена и ОБСЕ. Одлуката доаѓа по телефонскиот разговор помеѓу Путин и Порошенко со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG