Достапни линкови

Нетанјаху со предупредување до Хамас


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелските власти упатија предупредување до Хамас дека војската ќе се активира доколку исламистичкото движење не ги спречи ракетните напади од појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху му порача на Хамас дека нема да дозволат натамошно спроведување и засилување на нападите. Според војската, 14 ракети биле истрелани од појасот Газа, кој е контролиран од Хамас, при што биле оштетени две куќи.

Нападите се зголемија во последните недели додека израелската војска спроведуваше акции против милитантната група на Западниот брег. Нападите доаѓаат за време на потрагата по израелски тинејџери зад чие киднапирање постои сомнеж дека стои Хамас.

XS
SM
MD
LG