Достапни линкови

Ница со забрана за странски знамиња до крајот на СП


Кристијан Естрози

Кристијан Естрози

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози забрани користење на странски знамиња во центарот на градот до крајот на Мундијалот во Бразил, поради безбедносни причини. Одлуката доаѓа по инцидентите во најголемите француски градови по пласманот на Алжир во осминафиналето на шампионатот.

Француската полиција уапси 74 лица кои учествуваа во нередите минатата недела по ремито на Алжир со Русија. Алжир вечерва игра против Германија во борбата за четвртфинале на СП.

XS
SM
MD
LG