Достапни линкови

Црна Гора сака да биде набљудувач во Арапската лига


Црногорските власти планираат до септември да побараат статус држава набљудувач во рамки на Арапската лига. Причината за таквото барање е да се засилат контактите со држави од арапскиот свет и со цел привлекување инвестиции. Податоците покажуваат дека од 2007 до 2013 во Црна Гора има околу 80 милиони арапски инвестиции. Во рамки на Арапската лига има 22 исламски држави и четири држави-набљудувачи, Бразил, Еритреја, Венецуела и Индија.

XS
SM
MD
LG