Достапни линкови

Доживотен затвор за обвинетите во Монструм, еден ослободен


Обвинетите во случајот Монструм

Обвинетите во случајот Монструм

Кривичниот суд денеска на шестмина обвинети во случајот „Монструм“ им изрече доживотна казна затвор за тероризам, а еден од обвинетите Сејди Рами доби ослободителна пресуда. Рами е пуштен на слобода поради немањето цврсти докази. Двајца од обвинетите пресудата ја добија во отсуство бидејќи се чека нивна екстрадација од Косово, каде издржуваат затворска казна за нелегално поседување на оружје. Тие беа обвинети за убиството на пет лица кај Смилковското езеро пред две години на Велики Четврток.

XS
SM
MD
LG