Достапни линкови

Продолжува офанзивата против талибанците во Пакистан


Пакистанските власти започнаа копнена офанзива врз засолништвата на талибанците во северен Вазиристан. Според нив, војската започнала да ја пребарува секоја куќа во регинот, при што 15 милитантите биле убиени. Копнената офанзива доаѓа две недели по воздушните напади, откако околу половина милион жители беа евакуирани. Премиерот Наваз Шариф изјави дека офанзивата е почеток на ера на мир и стабилност, но талибанците порачаа дека ќе го возвратат ударот.

XS
SM
MD
LG