Достапни линкови

logo-print

Шојбле: Британија и е неопходна на ЕУ


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека би било апсолутно неприфатливо Британија да ја напушти Европската унија. „Гледано историски, политички, демократски и културно Британија и е неопходна на Европа“, оцени Шојбле по пишувањата во некои медиуми дека Британија е поблиску до излегување од Европската унија, откако Унијата го избра Жан Клод Јункер за претседател на Европската комисија. Против неговиот избор беа само Британија и Унгарија.

XS
SM
MD
LG