Достапни линкови

Северна Кореа бара прекин на непријателствата


Северна Кореа и предложи на Јужна Кореа запирање на обостраните непријателски воени активности и на психолошката војна со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји. Во денешното соопштение на моќната Комисија за национална одбрана се наведува дека Пјонгјанг бил подготвен да ги прекине сите акти на вербална провокација од 2 јули и побара тоа истото да го стори и Сеул. На 2 јули се одбележува 42 годишнината од историската заедничка декларација за мирно обединување на двете земји. Пјонгјанг исто така побара од Јужна Кореа да ги откаже воените маневри со Соединетите држави планирани за оваа година.

XS
SM
MD
LG