Достапни линкови

Триесетмина задушени во брод со имигранти


Италијанската морнарица во Средоземно море пресретнала брод во кој имало триесетина задушени имигранти, јави италијанската агенција Анса. Се верува дека мигрантите се задушиле во рибарски брод во кој се превезувале 600 луѓе од Северна Африка до италијанскиот брег. Секоја година илјадници имигранти им плаќаат на криумчарите во надеж дека ќе стигнат во некоја земја од Европската унија.

XS
SM
MD
LG