Достапни линкови

Во Украина загина камерман на Руската државна телевизија


Анатолиј Клијан камерман на руската државна телевизија Прв канал бил убиен на истокот на Украина каде што се водат судири меѓу проруските сепаратисти и украинската војска. 68 годишниот Клијан синоќа снимал репортажа во регионот на Доњецк каде што престојувал заедно со неколкумина руски новинари. Од почетокот на оруженте судири на истокот на Украина загинаа тројца руски нивинари. На 17 јуни во Луганск беа убиени еден новинар и еден тонски снимател. На истокот на Украина продолжуваат спорадичните престрелки и покрај примирјето прогласено од украинскиот претседател Петро Порошенко. Примирјето истекува во текот на денешниот ден.

XS
SM
MD
LG