Достапни линкови

logo-print

Завршува прекинот на огнот во источна Украина


Прекинот на огнот во источна Украина завршува денеска. Во Киев расте бројот на оние што се противат на продолжување на примирјето.

Лидерите на ЕУ вчера одржаа разговори со претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко. Телефонската конференција меѓу претседателот на Франција, Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и Путин и Порошенко траела повеќе од 2 часа.

Од кабинетот на Оланд соопштија дека лидерите разговарале за „важноста за нови конкретни подобрувања на безбедносната ситуација на теренот, продолжување на прекинот на огнот и оставање простор за мировниот план“, предложен од Украина.

Кремљ соопшти дека лидерите го повикале Порошенко да го продолжи прекинот на огнот. Во меѓувреме, неколку илјади демонстранти вчера во Киев бараа крај на примирјето кое завршува вечерва во 21 часот.

XS
SM
MD
LG