Достапни линкови

logo-print

Ѓул нема да се кандидира за втор мандат, на ред е Ердоган


Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека нема да се кандидира за втор мандат, со што се отвора патот за кандидатурата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Ѓул, чиј мандат истекува на 28 август, ја соопшти својата одлука по средбата во Истанбул со премиерот Ердоган. Турскиот претседател тврди дека го известил премиерот дека нема да се кандидира за втор мандат уште пред локалните избори што се одржаа во март.

Според статутот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) премиерот може да има само три мандати, а оваа е трет мандат на Ердоган. Аналитичарите посочуваат дека Ердоган најверојатно во вторник ќе ја објави својата претседателска кандидатура.

XS
SM
MD
LG